18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го затвара најстариот аеродром бидејќи во престолнината подготвува отварање на најголемиот...

Кина го затвара најстариот аеродром бидејќи во престолнината подготвува отварање на најголемиот светски воздушен центар

Најстариот кинески аеродром, отворен уште во 1910 година за време на владеењето на династијата Чинг, се подготвува да престане со работа.

Имено, во кинеската престолнина се подготвува отворањето на Меѓународниот аеродром Дасинг во Пекинг, идниот најголем аеродромски центар во светот, објави RT.

Новиот аеродром, кој чини 80 милијарди јуани (11,3 милијарди долари) и чија изградба траеше пет години, се очекува да стане најголемиот терминал во светот, бидејќи има површина од 700.000 квадратни метри. Меѓународниот аеродром Дасинг зафаќа површина од околу 47 квадратни километри, со четири писти и 268 места за слетување на авионите.

Огромниот нов аеродром, кој се наоѓа на 46 километри од плоштадот Тјананмен, подготвен е да опслужува 45 милиони патници годишно до 2021 година, и 72 милиони до 2025 година. Плановите за аеродромот се многу амбициозни, па така се очекува зголемувањето на капацитетот да достигне 100 милиони патници до 2040 година.

Отварањето на аеродромот е предвидено за 30 септември, ден пред 70-годишнината од Народната Република, која Кина ја слави на 1 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП