4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголема научна експедиција на Арктикот: Ја тестираат климата на Северниот пол

Најголема научна експедиција на Арктикот: Ја тестираат климата на Северниот пол

Германскиот истражувачки брод Polarstern исплови кон север, каде цела година во леденото море ќе ја следи и анализира климата на Северниот пол.

Бродот исплови во петокот, а во прашање е најголема научна експедиција на Арктикот.

За тоа време, стотици научници ќе се менуваат на бродот кој ќе служи како база за климатските истражувања.

Голем број луѓе во петокот ја испратија „Поларната ѕвезда“ од норвешкото пристаниште.

Бродот во првата фаза од мисијата ќе биде придружуван од рускиот мразокршач „Академик Федоров“.

Тие се упатија кон сибирскиот дел на Арктикот, каде треба да го најдат најсоодветното место за брод. Мисијата е лансирана како дел од проектот кој ќе чини околу 130 милиони евра.

Бродот, покрај рускиот мразокршач, ќе има поддршка и од мразокршачи од Шведска и Кина.

За време на најстудените зимски денови, кога бродовите не можат да го пробијат мразот, авиони и хеликоптери ќе достават се што е потребно на екипажот на германскиот брод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП