27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит ќе ги уништи: Европската автоиндустрија ќе претрпи катастрофални последици

Брегзит ќе ги уништи: Европската автоиндустрија ќе претрпи катастрофални последици

Европските водечки групации во областа на автоиндустријата заеднички предупредуваат на „катастрофални“ последици од Брегзит без договор.

Европските и националните здруженија, меѓу кои и Британското здружение на производители и трговци на автомобили, соопштија дека воведувањето царина за автомобили и комбиња би можело да ја чини европската и британската автомобилска индустрија 5,7 милијарди евра, во случај Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез.

Тоа би значело и повисоки цени за потрошувачите доколку производителите не успеат да ги апсорбираат дополнителните трошоци.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на 31 октомври, а премиерот Борис Џонсон изјави дека тоа ќе се случи без оглед на се. Доколку дојде до Брегзит без договор за правата на граѓаните, финансискиот надоместок и прашањето за ирската граница, ќе бидат воведени царини врз основа на регулативите на Светската трговска организација.

Во случајот кај автомобилите таа царина ќе изнесува 10 проценти.

“Брегзит не е само британски проблем. Загрижени се сите во европската автомобилска индустрија, и пошироко. Без разлика дали како извозници на британскиот пазар или како локални производители, а ние сме двајца, неизбежно ќе ги почувствуваме негативните последици”, изјави претседателот на Комитетот за француски производители на автомобили, Кристијан Пежо.

Автоиндустријата, вклучително и добавувачите на делови, претставува успешна европска приказна, произведува нешто повеќе од 19 милиони возила годишно и вработува скоро 14 милиони луѓе.

Иако Велика Британија е голем увозник на европски автомобили, британската автомобилска индустрија стабилно расте во последните децении. Светските производители, како што се јапонските компании Honda и Nissan, ја користеа Велика Британија како база за продажба на своите автомобили низ ЕУ.

Клучот за успехот на индустријата во последните години беше можноста компаниите да работат без проблем и да продаваат низ единствениот пазар.

Доколку дојде до Брегзит без договор, компаниите веќе нема да можат да работат на единствениот пазар на начин на кој се навикнаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар