18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакерберг го одби барањето на Вашингтон: Не сака да ги продаде WhatsApp...

Закерберг го одби барањето на Вашингтон: Не сака да ги продаде WhatsApp и Instagram

Основачот на Facebook, Марк Закерберг, во Вашингтон го отфрли барањето за раздвојување на Facebook, односно продажба на WhatsApp и Instagram.

Тоа го објави републиканскиот сенатор Џошуа Хаули на својот Твитер профил, а објави Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Закерберг во петокот се состана со членовите на американскиот Конгрес, демократскиот сенатор Марк Вокер и републиканскиот сенатор Џошуа Хаули.

Основачот на Facebook се сретна и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој за разговорот претседателот напиша само:

„Добра средба со Марк Закерберг од Facebook денес во Овалната просторија“.

Барањата од највисоките врвови на американската политика е да се разделат високотехнолошките гиганти како Facebook, Amazon, Google и Apple, се множат и од страна на демократите и од страната на републиканците. Овие гиганти се осомничени за ограничување на изборот на потрошувачите, а цени ги качуваат до неоправдани височини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП