24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците им "наметнаа" на европските IT фирми огромен трошок

Американците им “наметнаа” на европските IT фирми огромен трошок


Замената на кинеската телекомуникациска опрема во европските земји ќе ги чини компаниите околу 3,5 милијарди долари, покажа извештајот на консултантската фирма Strand Consult, чија процена е неколку пати пониска од GSMA.

САД го вклучија кинески Huawei, водечкиот светски производител на опрема за мобилни мрежи на црната листа, тврдејќи дека се заканува безбедноста на комуникациите поради можна шпионажа.

На американските компании им е забранетo да користат одредени производи на Huawei, а Вашингтон ги повикува европските земји да го следат тоj пример.
Заменувањето на кинеската опрема ќе ги чини компаниите во Европа околу 3,5 милијарди долари, односно 7,17 американски долари по претплатник, пресметаа во Strand Consult.

Забележуваат дека примери од САД и Австралија покажуваат дека ограничувањето на употребата на опрема од кинеските компании Huawei и ZTE не резултирало со повисоки цени, ниту одложена изградба на нови 5G мрежи.

„Ограничувањата најверојатно нема да имаат негативно влијание врз Европа, бидејќи уделот на Huawei и ZTE во Европа е само шест проценти од глобалната мрежа“, се вели во извештајот на Strand.

Проценката на Strand е многу пати пониска од онаа на глобалното здружение за телекомуникацискиот сектор GSMA, кои трошоците ги проценува на 55 милијарди евра.

Уделот на двете кинески компании на пазарот на Европската унија надминува 40 проценти. Главните конкуренти на Huawei за нарачки за мрежна опрема 5G се нордиските компании Ericson и Nokia, објави Reuters.

GSMA ги претставува интересите на 750 мобилни оператори, а Huawei спаѓа меѓу неговите главни поддржувачи, според извори во телекомуникацискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП