1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрема преговорите со Пекинг, Трамп иззема од царина повеќе од 400 видови...

Према преговорите со Пекинг, Трамп иззема од царина повеќе од 400 видови кинески производи

Соединетите американски држави привремено исклучуваат повеќе од 400 видови кинески производи од царина кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе минатата година, потврди денес телевизиската мрежа CNBC.

Тоа произлегува од три документи кои денес ќе ги објави Канцеларијата на американскиот трговскиот претставник.

Исклучокот, кој опфати вкупно 437 видови на производи, се однесува, меѓу другото, на предмети како што се сијалички за новогодишна елка, пластични сламки, ланци за кучиња и печатени плочи (PCB).

Овие производи се дел од кинеската стока во вредност од 250 милијарди долари, на кои САД минатата година воведоа царина.

Најновата одлука е донесена по повеќе од 1.100 барања за изземање кои ги поднесоа компании и други субјекти во Соединетите Држави, се наведува во документите.

Двете најголеми светски економии се повеќе од една година во трговски спор, во кои воведоа меѓусебни царини на разни стоки увезени едни од други.

Одлуката за исклучување доаѓа во време кога американските и кинеските официјални лица на “средно” ниво се состанаа во Вашингтон, како дел од подготовките за разговорите на високо ниво кои се очекуваат во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП