20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се состана со Закерберг, во Конгресот остри спрема Facebook

Трамп се состана со Закерберг, во Конгресот остри спрема Facebook

Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, откако заменици на американскиот Конгрес остро го испрашуваа за неуспесите на социјалната мрежа во заштитата на приватноста на корисниците.

Трамп, кој инаку повеќе пати го критикуваше Facebook, обвинувајќи го дека е пристрасен во корист на демократите, по состанокот на Твитер објави фотографија со Закерберг и напиша дека бил „убав состанокот“.

Facebook соопшти дека еден од началниците на компанијата имал „добра, конструктивна средба со Трамп во Белата куќа“.

Ниту една страна не даде детали за разговорот, објави Reuters.

Компанијата Facebook е постојано критикувана поради грешки во врска со приватноста на корисниците, активности во врска со изборите и својата доминација во онлајн маркетингот, поради што се соочува со барања за воведување повеќе правила и анти-монополски истраги.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП