19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Tензиите во трговските односи го загрозуваат глобалниот раст

Лагард: Tензиите во трговските односи го загрозуваат глобалниот раст

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во заминување, Кристин Лагард, го оцени глобалниот раст како „кревок“ и „ранлив“, како резултат на тензиите во трговските односи.

Во интервју за агенцијата France Presse од Вашингтон, Лагард изјави дека експанзијата е „просечна“.

Таа ги повика лидерите да се вклучат во дијалог и да се обидат „да ги решат неизвесните прашања ширум светот“.

„Без разлика дали станува збор за трговски односи, Брегзит, технолошки закани, тие проблеми ги создал човек и човек може да ги реши“, изјави Лагард.

Кристин Лагард поднесе оставка на местото шефица на MMF за да го преземе раководството на Европската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП