25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвежани и Британци го градат најголемиот ветропарк во море

Норвежани и Британци го градат најголемиот ветропарк во море

Норвешката компанија Equinor и британска SSE Renewables заеднички ќе градат и експлоатираат најголем ветропарк во морето на брегот на Велика Британија.

Таа инвестиција e вредна девет милијарди фунти (10,2 милијарди евра), соопшти денес норвешката компанија.

Тие две групи победија на тендерот за изградба на ветропаркот Dogger Bank во Северното Море, со вкупен капацитет од 3,6 гигавати, што одговара на потрошувачката на 4,5 милиони домаќинства, a претставува околу пет проценти од вкупнотo британско производство на електрична енергија, соопшти норвешката компанија.

Проектот кој опфаќа три локации Cracky Beck A, Cracky Beck B, Teeside A, од по 1,2 гигавати, претставува вкупна инвестиција од околу девет милијарди фунти во период од 2020 до 2026 година.

Конечната одлука за инвестиција за првата од трите локации се очекува во 2020 година, а почетокот на производството е планирано за 2023 година.

Очекуваната цена ќе биде 40 фунти за мегават час.

„Она што сега се гледа е дека колку повеќе градиме ветропаркови во морето толку се намалуваат нашите сметки“, изјави Џон Совен, директор на Greenpeace за Велика Британија и ја повика британската влада повеќе да се ангажира во изградбата на такви објекти за да се справи со итната ситуација околу климата.

Двете компании формираа заедничка фирма, SSE, шкотска групација која е котирана на лондонската берза ќе биде надлежна за фазата на изградба, а Equinor ќе биде задолжена за експлоатација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП