Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Низ светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Време: 12:03

Датум: септември 20, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во историјата на климатските протести.

Станува збор за третиот во низата собири кои ги започнаа учениците, а ги предводи 16-годишната Швеѓанка, Грета Тунберг.

На протестот, кој треба да се одржи од Лондон и Њујорк до Перт, Австралија, ќе учествуваат различни организации, како и вработени во некои од најголемите светски компании, како „Амазон“ и „Мајкрософт“, пренесува Си-ен-ен.

Грета Тунберг најави дека ќе се организираат околу 4.638 собири низ целиот свет. Во австралиската сојузна држава Викторија, студенти, ученици и јавни работници ќе излезат од работа и предавање со цел да протестираат за заштита на животната средина и за спас на планетата.

Протестите се веќе започнати во Бангкок, а подоцна во текот на денот ќе се организираат и во Јапонија, Индонезија, Филипини и Мјанмар, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Во некои земји, како Сингапур и Јужна Кореја, протести се закажани само во текот на викендот.

Во Њујорк, на 1,1 милион ученици им беше дозволено денеска да ја напуштат наставата, бидејќи градските власти најавија дека нема да ги казнат учениците кои се приклучуваат на протестот, но мора да имаат родителска дозвола за тоа.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, твитна: „Њујорк стои со нашите млади. Тие се нашата совест“.

На Менхетен, демонстрантите ќе се соберат напладне, а пред нив ќе се обратат млади климатски активисти, меѓу кои и Грета Тунберг, која до Њујорк доплови за климатскиот самит на ОН кој ќе се одржи на 23. септември.

Кај нас, движењето „Петоци за иднината“ (Fridays for Future) за денеска најави протест пред Владата со почеток од 13 часот.

Од „Петоци за иднината Скопје“ побараа од наставниот кадар на средните училишта во главниот град да се солидаризира со глобалниот настан и да им дозволи на средношколците денеска да ги напуштат првите два часа од втората смена.

Движењето порачува дека во овој случај не станува збор за обично отсуство или бегање од часови, туку нешто многу поголемо и поважно.

„Не ставајте им неоправдани изостаноци на вашите ученици, туку, напротив, охрабрете ги да дојдат на настанот и заедно со своите врсници од целиот свет да се изборат за здрава и безбедна иднина! На крајот на краиштата, придружете им се и вие! Тие не смеат да се плашат од вас и од вашиот образовен систем, туку треба да ја развиваат свеста за тоа што нѐ опкружува и тоа што претставува вистинска закана за нивните млади животи“, порачаа од „Петоци за иднината Скопје“, додавајќи дека опстанокот на човековата цивилизација зависи од постапките кои ќе ги преземеме во наредните години.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Александар „Велики“ Волкановски го „кани“ Конор на борба на „островот“

    Александар „Велики“ Волкановски го „кани“ Конор на борба на „островот“

    Конор Мекгрегор повторно доби понуда за меч за титула, овојпат од УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер „Велики“ Волкановски. Ирската ММА…

  • Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

    Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

    Масимилијано Мирабели, поранешниот спортски директор на Милан, тврди дека Кристијано Роналдо бил пред потпишување со „росонерите“ во 2018 година, пред да се случи „превратот“ во…

  • Од денеска поевтини цени на горивата

    Од денеска поевтини цени на горивата

    Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинија за половина денар, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на полноќ малопродажните цени на еуросупер…

  • СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

    СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

    Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат експертите од Светската здравствена организација…

  • Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

    Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

    Фосилизирано суштество слично на стоногалка е откриено во Шкотска и може да претставува најстарото познато копнено животно, скромен пионер на животот на Земјата пред 425…

  • Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

    Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

      Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и…

  • Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд

    Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи.…

  • За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

    За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

    За само еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје се поднесени 696…

  • Шпанија очекува помош од 140 милијарди евра

    Шпанија очекува помош од 140 милијарди евра

    Шпанскиот премиер, Педро Санчез се надева дека неговата земја ќе добие 140 милијарди евра од пакетот помош на ЕУ. ЕУ би требало да позајми 750…

  • Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

    Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

    Австриските компании, после кризата од пандемијата од коронавирус, очекуваат нормализирање на бизнисот дури на почетокот на следната година. Четири од пет компании во Австрија се…