Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Северна Македонија ќе ги зајакне јавните финансии и ќе ја подобри конкурентноста со поддршка од Светска банка

Време: 10:05

Датум: септември 20, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија ќе ја зајакне одржливоста на јавните финансии, ќе ја подобри конкурентноста на пазарот и ќе го намали регулаторното оптоварување со цел продлабочување на интеграцијата со европските и глобалните пазари, преку поддршка од заем  во вредност од  125 милиони евра одобрен денес од страна на Бордот на извршни директори на Светска банка.

Заемот за развојни политики за јавни финансии и конкурентност ја поддржува Владата во реформи за подобрување на управувањето и транспаретноста на јавните финансии и поефикасна јавна потрошувачка, особено потрошувачката за социјална заштита, истовремено правејќи го даночниот систем подеднаков  за сите. Заемот поддржува реформи во енергетиката преку либерализација на енергетскот сектор и зајакнување на обновливите извори. Исто така, ја подобрува јавните набавки преку зголемување на пристапот на понудувачите од приватниот сектор на јавни тендери и зајакнување на пазарната конкурентност, како и преку воведување на инспекции базирани на ризици кои ќе го намалат времето кое компаниите го поминуваат во работа со инспекциите.

„Фискалната конкурентност е од витално значење за поддршка во долгорочниот раст, особено во тековното ранливо надворешно опкружување“, вели Линда Ван Гелдер, регионален директор за Западен Балкан. „Постепената фискална консолидација и реформите во конкурентноста поддржани преку оваа операција имаат за цел да ја зајакната вантрешната и надворешна доверба, заштитат од надворешни шокови и да го забрзаат долгорочниот раст“.

Заем за развојни политики е инструмент на Светската банка кој ги поддржува политиките и институционалните активности во земјата кои промовираат раст и одржливо намалување на сиромаштијата. Некои активности превземени од Владата во рамките на оваа програма ги вклучуваат и:

  • Дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за задолжителни придонеси за социјално осигурување со цел воведување на променето индексирање на пензиите, усогласување на пресметковните стапки и воведување повисока стапка на придонес за пензија за подобрување на фискалната и социјалната одржливост на пензискиот систем со повеќе столбови;
  • Донесување на Законот за социјална заштита и дополнување на Законот за детска заштита за консолидирање на придобивките од социјалната заштита, проширување на опфатот на сиромашните и нивна заштита од енергетска сиромаштија, истовремено одржувајќи добро таргетирање преку воведување на програма за минимална гарантирана помош;
  • Донесување на Закон за енергетика за либерализација на производството на електрична енергија, отварање на пазарот за снабдување со електрична енергија за сите потрошувачи и воведување механизам за поддршка врз основа на конкурентност за производство на обновлива енергија;
  • Донесување на Закон за инспекциски надзор за воведување: (а) инспекции базирани на ризици; (б) одредба за инспекторите да издаваат предупредувања; и (в) грејс период за деловните субјекти да ги корегираат евентуалните прекршоци.

„Подобрување на споделениот просперитет и намалување на сиромаштијата на фискално одржлив начин беше уште една цел на оваа операција, вели Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист во Светска банка. „Кога реформите поврзани со социјална помош, пензиите и даноците ќе бидат целосно имплементирани, стапката на сиромаштија треба да се намали за повеќе од 5 процентни поени, а исто така  би требала да се намали и нееднаквоста“.

Средствата  се  (доделени) во една транша на Заем за развојни политики во износ од 125,000 000 евра, со рок на доспевање од 12 години, вклучително 4 години грејс период. Каматната стапка е EURIBOR плус 0,50 процентни поени.

 

###

Од првиот заем во 1993 година, Групацијата Светска банка инвестирала повеќе од 2 милијарди долари во Северна Македонија, спроведувајќи 66 проекти во енергетика, патишта, земјоделство, здравство, образование, социјална политика, иновации и вештини. ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка насочена кон приватниот сектор, поддржала подобрувања во инвестициската клима и обезбедила околу 400 милиони долари ивестиции во 19 проекти во финансискиот сектор, енергетиката, телекомуникации, фармацевтски сектор, текстил, малопродажба, производство и автомобилската индустрија.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Александар „Велики“ Волкановски го „кани“ Конор на борба на „островот“

    Александар „Велики“ Волкановски го „кани“ Конор на борба на „островот“

    Конор Мекгрегор повторно доби понуда за меч за титула, овојпат од УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер „Велики“ Волкановски. Ирската ММА…

  • Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

    Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

    Масимилијано Мирабели, поранешниот спортски директор на Милан, тврди дека Кристијано Роналдо бил пред потпишување со „росонерите“ во 2018 година, пред да се случи „превратот“ во…

  • Од денеска поевтини цени на горивата

    Од денеска поевтини цени на горивата

    Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинија за половина денар, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на полноќ малопродажните цени на еуросупер…

  • СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

    СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

    Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат експертите од Светската здравствена организација…

  • Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

    Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

    Фосилизирано суштество слично на стоногалка е откриено во Шкотска и може да претставува најстарото познато копнено животно, скромен пионер на животот на Земјата пред 425…

  • Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

    Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

      Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и…

  • Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд

    Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи.…

  • За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

    За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

    За само еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје се поднесени 696…

  • Шпанија очекува помош од 140 милијарди евра

    Шпанија очекува помош од 140 милијарди евра

    Шпанскиот премиер, Педро Санчез се надева дека неговата земја ќе добие 140 милијарди евра од пакетот помош на ЕУ. ЕУ би требало да позајми 750…

  • Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

    Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

    Австриските компании, после кризата од пандемијата од коронавирус, очекуваат нормализирање на бизнисот дури на почетокот на следната година. Четири од пет компании во Австрија се…