25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Бил Гејтс заработи 16 милијарди долари оваа година

Блумберг: Бил Гејтс заработи 16 милијарди долари оваа година

Иако оваа година донираше над 35 милијарди во добротворни цели, Бил Гејтс заработи 16 милијарди од почетокот на 2019 година и стана „тежок“ 106 милијарди долари.

„Се работи за едноставна стратегија на инвестирање –  над 60 проценти од моето богатство го држам во акции“, рече основачот на „Мајкрософт“ во интервју за Блумберг.

Од понеделник, околу 60 милијарди долари од богатството на Гејтс се наоѓа во акциите што ги поседува, а благодарение на тоа, Мајкл Гарсон, инвестициски советник на милијардерот, објасни дека Гејтс успеа да ја изгради најголемата приватна фондација во светот без да го намали своето богатство.

Сепак, ова би можело да се промени ако се воведат повисоки даноци во САД, како што изјавија светските медиуми во последните денови.

„Се сомневам дека данокот на богатите ќе помине, но јас не би бил против тоа. Најблиску до тоа е данокот на недвижен имот за кој силно се залагам за враќање на 55 проценти, или процентот што беше пред децении“, рече Гејтс.

Иако е втор најбогат човек во светот (по Џеф Безос), Гејтс е познат дека е застапник за повисоки даноци на доход на најбогатите во Америка и поголема транспарентност.

„Не ми се допаѓа што има толку многу фондации што никој не знае кои се нивните сопственици. Финансиската транспарентност е многу важна“, рече тој, додавајќи дека се сомневал дека ќе може да се пофали со истите финансиски успеси како досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП