26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаск тврди дека новиот Roadster ќе биде рекордер на Нирбургринг

Маск тврди дека новиот Roadster ќе биде рекордер на Нирбургринг

Првиот човек на Tesla, Илон Маск, убеден е дека втората генерација на моделот Roadster ќе постави рекорд на патеката за продукциски автомобили, кој моментално го држи Lamborghini.

Во моментот додека се шпекулираше дали модифицираниот Model S со три електромотори го надминува времето кој на Нирбургринг го постави електричниот  Porsche Taycan, Маск на Твитер беше запрашан каков резултат на познатата германска патека очекува од новиот Roadster кој е во подготовка.

Поконкретно, Маск беше запрашан дали Tesla Roadster може да биде побрз од 6 минути и 44,97 секунди, што е актуелен рекорд на патеката за продукциски возила, а го држи Lamborghini Aventador SVJ.

Маск, се разбира, одговори потврдно, со несокриена самодоверба, што не е ни некое изненадување:

Ве потсетуваме, прототипот на новиот Tesla Roadster е претставен есента 2017 година. Тогаш е објавено дека производната верзија ќе има три електромотори и огромна погонска батерија со капацитет од 200 kWh.

Соопштено е и дека овој автомобил 0-60 милја на час (0-96 км на час) ќе забрзува за 1,9 секунди, а 0-100 милја на час (0-160 км на час) ќе пристигнува за 4,2 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП