29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУлтиматум на ЕУ: Имате 12 дена да го покажете планот, ако не,...

Ултиматум на ЕУ: Имате 12 дена да го покажете планот, ако не, тоа е крајот

Имате 12 дена да го покажете планот за излез на Британија од ЕУ, црно на бело. После тоа е крај, му порача финскиот премиер на британскиот колега Борис Џонсон.

Денес се очекува конечна судска одлука за законитоста на суспензијата на британскиот парламент, која ја „осмисли“ Борис Џонсон во услови на криза поради неможноста да се најде конечно решение за Брегзит.

Финскиот премиер Анти Рине му порача на Борис Џонсон дека има 12 дена на лидерите на Унијата да им го претстави својот план за излез на Британија од ЕУ, односно до кога неговата земја ќе преземе ротирачко претседателство со Унијата.

Тој на новинарите им изјави дека тој и францускиот претседател Емануел Макрон се согласиле и дека тој план мора да биде претставен „црно на бело“ до крајот на овој месец, ако тоа не се случи, „тогаш тоа е крај“.

Рине во наредните денови за тоа ќе разговара и со претседателот на Европската комисија, а планира и да се сретне со Борис Џонсон.

Од друга страна, извор од Downing Street вели дека во Британија се водат политички преговори за Брегзит и дека Џонсон има намера да го испочитува договорот, односно да заврши се до крајот на „ултиматумот“ кој сам си го постави, односно до средината на октомври, објавија светските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП