23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Bank размислува за додавање проблематични средства во "лошата банка"

Deutsche Bank размислува за додавање проблематични средства во “лошата банка”

Високи официјални претставници на Deutsche Bank разговарале за додавање на проблематични средства вредни милијарди евра, ако банката успее да ги продаде оние кои сега се во „лошата банка“.

Според изворите на банката, прелиминарните разговори за тоа се воделе во последните недели, објави Reuters.

Портпаролот на германската банка изјави дека не планира да додаде средства во таканаречената единица за ослободување од капиталот, односно „лошата банка“.

Сепак, тоа е една од опциите која се појавила во разговорите на највисоко ниво на банката, бидејќи извршните директори на банката се борат со проблемот на пресврт на деловните трендови во работењето покрај тесниот буџет.

На Deutsche Bank и е потребен дополнителен капитал за да ги апсорбира загубите кои најверојатно ќе настанат поради ослободување од проблематичните средства, кои и понатаму се во банкарските книги, потврдија тројца извори на Reuters.

Меѓутоа, откако собра 29,3 милијарди евра во текот на изминатите девет години, банката нема простор да бара уште од инвеститорите, велат овие извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП