24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на земјите од Југоисточна Европа од 1990 до 2018 година

Економскиот раст на земјите од Југоисточна Европа од 1990 до 2018 година

Македонија од 1990 година бележи стапка на економски раст од 31 проценти, Србија негативни 11 проценти, Црна Гора 70 проценти, Хрватска напредувала 58, Словенија 98, а Турција неверојатни 239 проценти.

Споменатите информации ги објави Сонер Кагаптај, познат турски политички аналитичар со американска адреса. Кагаптај го следел периодот од 38 години кој е особено интересен од турска перспектива, почетна стагнација па последователен раст и реформи.

Во контекст на земјите од поранешна Југославија приказот е индикативен бидејќи го опфаќа периодот кој започнува пред распадот на СФРЈ и војната, па последователниот економски колапс на некои од денешните држави е јасно евидентен.

Сонер Кагаптај е турско-американски политички научник и директор на турската програма за истражување при Институтот за политика за Блискиот исток во Вашингтон.

По професија е историчар и експерт за односи меѓу Турција и Соединетите држави, турска политика и турски национализам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП