25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија целосно ги забрани електронските цигари

Индија целосно ги забрани електронските цигари

Индија воведе забрана за електронски цигари, изјави денес Нирмала Ситарман, министер за финансии на таа земја.

Забраната вклучува „производство, увоз/извоз, транспорт, продажба, дистрибуција, складирање и реклами поврзани со електронски цигари“, истакна министерот.

Забраната на владата на Индија стапува во сила, а доаѓа откако државата Њујорк воведе забрана на одредени вкусови на електронски цигари, која започнува од оваа недела.

Њујоршката забрана ќе трае 90 дена а дозволени се само ароми на ментол и тутун.

Претходно во текот на оваа недела медиумите објавија за тоа дека производи на американски производител на електронски цигари се повлечени од кинескиот пазар, но не е дадено официјално објаснување за тој потег.

Министерот за здравство на Индија предложи забрана во интерес на јавноста, велејќи дека мора да се обезбеди електронските цигари да не станат „епидемија“ меѓу децата и младите, според нацрт одлуката во која Reuters имал увид.

Имено, Индија има 106 милиони возрасни пушачи, а само во Кина се повеќе, што тие земји ги прави профитабилни пазари за тутунските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП