24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за идна претседателка на Европската централна банка (ECB), која ќе биде првата жена на оваа позиција.

На пленарната седница во парламентот во Стразбур, европратениците дадоа подршка за Лагард со 394 „за“, против гласаа 206, а 49 беа воздржани, објави Reuters. Лагард, и покрај тоа што беше поканета да присуствува на седницата, не беше присутна.

„Кристин Лагард е одличен избор и ја има мојата целосна поддршка“, изјави Лудек Недермајер, чешки пратеник од десницата.

Додаде дека Лагард има прилика да ја истакне важноста и на другите економски политики, а не само на монетарната политика.

Reuters потсетува дека лидерите на ЕУ во јули ја избраа Лагард, преговарач со повеќе чекори која го водеше Меѓународниот монетарен фонд, но има мало искуство во монетарната политика, од 1 ноември ќе го замени Марио Драги како шеф на најмоќната финансиска институција во 19 члениот блок во еврозоната.

Лагард, поранешна адвокатка за борба против монопол, стана француски министер за финансии во 2007 година, а потоа ја презеде функцијата шеф на ММФ.

Лидерите на ЕУ нејзиното назначување за шеф на ЕЦБ, со осумгодишен мандат, официјално ќе го официјализираат на редовниот самит во средината на октомври.

Европскиот парламент за заменик шеф на супервизорското тело на ЕЦБ, го изгласа Ив Мерш од Луксембург, со 379 гласови „за“, 230 „против“ и 69 воздржани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП