Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Време: 11:35

Датум: септември 18, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки за кои се товари Иран, дополнително го продлабочуваат непријателството на двете земји.

Десетгодишниот конфликт меѓу Ријад и Техеран е дополнително оптоварен со верски разлики – во Иран доминираат шиитските муслимани, додека Саудијците се гледаат себеси како водечка сунитска муслиманска сила, пренесува BBC.

Таа поделба во исламот се рефлектира низ целиот регион на Блискиот исток, бидејќи другите земји кои се поделени како такви со мнозинско шиитско или сунитско население бараат поддршка и водство од Саудиска Арабија или Иран, соодветно.

Историски гледано, Саудиска Арабија како кралство и родно место на исламот, се смета себеси за земја лидер во муслиманскиот свет.

Од друга страна, по Исламската револуција во Иран во 1979 година, се создаде нова држава – револуционерна теократија со цел ваквиот владејачки модел да го прошири и во соседните земји, пренесува британскиот јавен сервис.

Како што оценува BBC, американската инвазија во Ирак во 2003 година го собори од власт Садам Хусеин, сунит, и тоа го отвори патот за влада во Багдад во која доминираат шиити, а влијанието на Иран врз шиитите во таа земја од тогаш континуирано расте.

Подоцнежните востанија низ арапскиот свет предизвикаа политичка нестабилност во целиот регион, а Иран и Саудиска Арабија ги искористија ваквите протести за да го прошират своето влијание, особено во Сирија, Бахреин и Јемен.

Така, во текот на последните 15 години, ривалството се зголемува, а според оценката на BBC, Иран на многу начини победува во ваквата регионална трка.

Се наведува дека во Сирија поддршката на Иран за претседателот Башар ал Асад придонела неговите сили во голема мерка да ги уништат бунтовничките групи поддржани од Саудиска Арабија.

Според анализата, регионалните тензии ги влошува и „милитаристичкиот авантуристизам“ на младиот и импулсивен саудиски престолонаследник, Мухамед бин Саламан – кој е де факто владетел на земјата, која во Јемен води војна против Хутите, бунтовничко движење поддржано од Иран.

Иран, од друга страна, ги негира обвинувањата дека ги снабдува со оружје Хутите, иако извештаите на Обединетите нации говорат поинаку.

За САД и другите западни сили, слободата на навигација и плоовидба во Заливот е суштинска и секој конфликт што може да ја блокира испораката за нафта, може лесно да ги активира американските поморски и воздушни сили, се вели во анализата на BBC.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Акциите на Wall Street паднаа поради загубите на технолошките компании, но пазарот се уште е на добар пат да прокнижи втора недела на добивки поради…

  • Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска…

  • Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Британскиот министер задолжен за излегување на Велика Британија од Европската унија, Стивен Баркли изјави денеска дека не се согласува со оценката на гувернерот на Банката…

  • Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе трае 20 часа. Авионот би…

  • Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти во Северна Македонија, со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата,…

  • Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура…

  • ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    Европската комисија објави денеска дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на тарифите на САД кои се воведени поради субвенционирање на Airbus. „Жалиме за одлуката…

  • Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Во Словенија од денес лимитот за еднократни плаќања со бесконтактните картички Maestro, Mastercard i Visa се зголемува од 15 на 25 евра. POS терминалот на продажно место…

  • Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10…

  • Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Премиерот на Италија, Џузепе Конте вети „супер бонус“ на секој кој ќе се префрли од готовина на плаќање со картички. Тоа е дел од напорите…