20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Реална опасност од Брегзит без договор

Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез и понатаму останува „многу реален“.

Говорејќи пред Европскиот парламент, Јункер изјави дека таквиот брегзит „може е избор на Велика Британија но никогаш нема да биде избор на ЕУ“.

Европскиот парламент денес расправа за Брегзит и ќе донесе резолуција во која ќе бидат наведени нејзините проблеми.

Главниот камен на сопнување во договорот за Брегзит е решение за ирската граница, таканаречениот „застој“, според кој Велика Британија би морала да задржи некои трговски правила на ЕУ.

Јункер изјави дека „не е сентиментално врзан за застојот“ но дека е врзан за целта на таа одредба.

„Барав од британскиот премиер да назначи алтернативни аранжмани кои имаат смисла“, изјави Јункер, кој со премиерот Борис Џонсон разговараше во понеделникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар