23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПричина повеќе секојдневно да пиете чај - добар е за мозокот

Причина повеќе секојдневно да пиете чај – добар е за мозокот

Многу луѓе пијат чај само кога се болни, а се повеќе има научни докази дека тоа на сите би требало да ни стане секојдневна навика.

Не само што чајот е добар за здравјето и поради кофеинот кој го содржи може да ја подигне енергијата, се потврдува дека е добар и за мозокот.

Имено, нова студија спроведена во Сингапур покажала дека луѓето кои во последните 25 години пиеле чај четири пати неделно, имаат значително подобри функции на мозокот. Поточно, имаат подобро организирани мозочни региони, а тоа значи и подобри когнитивни функции.

Во истражувањето учествувале 36 лица постари од 60 години, а научниците ги анализирале нивните невролошки податоци, здравјето, животните навики, како и психолошката благосостојба.

Според резултатите на студијата, оние кои во последните 25 години пиеле зелен или црн чај четири пати неделно, имаат значително подобро организирани и поврзани мозочни региони, отколку оние кои не пијат чај.

„Нашата студија е прва која докажува дека конзумирањето чај влијае на структурите на мозокот и сугерира дека чајот го штити мозокот од падот на мозочните функции што се јавува со возраста“, истакнува главниот автор на студијата, Фенг Леј.

Тој поврзаноста помеѓу мозочните региони ги споредува со патиштата – кога нема сообраќаен метеж, полесно се пристигнува до посакуваната дестинација, а исто е и со мозочните региони. „Кога подобро се поврзани, информациите полесно и побрзо патуваат и поефикасно се обработуваат“.

Покрај тоа што добро делува на мозокот, чајот, особено зелениот, го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес, покажа и претходната студија спроведена на Харвард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП