19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСака ли Русија да го покрие дефицитот на нафта во светот?

Сака ли Русија да го покрие дефицитот на нафта во светот?

Недостатокот кој може да се појави на пазарот на нафта поради ситуацијата во Саудиска Арабија може да биде покриен од комерцијалните резерви на нафта, изјави на новинарите министерот за енергетика на Русија, Александар Новак.

Меѓу другото, на прашањето дали Русија треба да го зголеми производството поради падот на производството на нафта во Кралството, министерот изјави: „Се зависи од проценката на последиците кои наскоро ќе ги дадат саудиските колеги. Тогаш ќе се види колкаво е влијанието на количината на производството и испораките“.

„Меѓутоа, во овој момент има многу комерцијални резерви за на среден рок недостигот на нафта да се покрие од комерцијални залихи. Но, повторувам, се зависи од тоа колку долго ќе траат последиците од нарушувањето на работата на инфраструктурата“, додаде Новак.

Министерот изјави дека Русија го засилила нивото на безбедноста на своите нафтени објекти по нападот со дронови во Саудиска Арабија, објави Sputnik.

Саудиска Арабија, најголемиот извозник и еден од трите најголеми производители на нафта, изјави по нападот во саботата на своите нафтени објекти дека го намалила производството за половина – за 5,7 милиони барели дневно од 9,8 милиони. Веќе денес Ријад би можел да го врати производството на 2 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП