27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsi има проблем со регулативите за безбедност на пијалоците

Pepsi има проблем со регулативите за безбедност на пијалоците

P

Светската организација за заштита на животната средина денес соопшти дека во карамелата која се користи за боење на газираниот пијалок „Pepsi“ и понатака се наоѓа загрижувачко ниво на канцерогени адитиви, иако производителот соопшти дека ја променил формулата за подготовката на популарниот газиран пијалок.

Компаниите „Pepsi“ и „Coca-Cola“ во март соопштија дека на национално ниво ќе ја променат формулата, откако во Калифорнија беше усвоен закон според кој на шишињата мора да стои предупредување дека во содржината се наоѓа загрижувачка содржина на канцерогени адитиви.

Спорната хемикалија може да се формира во текот на процесот на варење, а траги може да се најдат во многу прехрамбени производи.

Во соопштението се истакнува дека резултатите од истражувањето покажале дека во газираните пијалоци од „Coca-Cola“ нема трагови од овие хемикалии, но во пијалоците од „Pepsi“ тие сеуште се присутни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП