27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТвитовите на Трамп ги заинтегираа банките: JP Morgan создаде и посебен индекс

Твитовите на Трамп ги заинтегираа банките: JP Morgan создаде и посебен индекс

Објавите на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер ги следат голем број на следбеници, а заради нивната важност ги заинтригираa и инвестициските банки.

Во JP Morgan направија интересна анализа: гледаа како твитовите на Трамп влијаат на финансиските пазари.
Откриле дека од јануари 2017 година, кога се пресели во Белата куќа, напишал повеќе од 10.000 твитови, односно просечно 12 дневно.

Нивната содржина честопати влијае на пазарите, бидејќи Трамп ги објавува своите надворешно-трговски одлуки и ја коментира монетарната политика.

JP Morgan дури воведе посебен индекс наречен Volfefe, кој е комбинација на зборови volatility(флуктуација) и Covfefe (зборови без смисла кој Трамп го објави во мај 2017 година – веројатно погрешил и сакал да напише coverage- покриеност).

Индексот Volfefe го мери одговорот на пазарот на обврзници (поточно: колку се менуваат приносите на државните обврзници со различна рочност) пет минути откако Трамп ќе твитне.

„Од 2016 година, во денови со повеќе од 35 твита (90 проценти) објавите на претседателот Трамп бележат негативни приноси (-9 бп), додека во деновите со помалку од 5 твита (10 проценти) имале позитивен принос (+ 5 бп).“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП