9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција сака да врати дел од долгот кон MMF пред рокот

Грција сака да врати дел од долгот кон MMF пред рокот

Грција поднесе барање до финансиските институции и министри за финансии од еврозоната за предвремено враќање на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (MMF).

Атина сака да врати 2,9 милијарди евра кредит со камата од 4,91 проценти. Со предвремена отплата владата сака да заштеди околу 70 милиони евра камата, објасни министерот за финансии Христос Стаикоурас, кој барањето го потпиша во понеделникот и го испрати до Европскиот механизам за стабилизација.

„Тоа на нашата земја ќе и даде кредибилитет и самодоверба“, изјави Стаикоурас.

Процесот на обработка на барањето може да трае неколку недели бидејќи мора да биде одобренo од владите на одделни земји од еврозоната, велат извори во грчкото министерство за финансии.

Со исклучок на износот кој би требало да биде вратен пред крајниот рок, преостанатиот грчки долг кон MMF изнесува 8,8 милијарди евра, според податоците на министерството за финансии.

MMF во финансискиот пакет за Грција учествува со 32 милијарди долари.

Реализацијата на последната програма за реформи и мерки за штедење условени од финансискиот пакет на земјата ги затвори во август минататa година и во меѓувреме се врати на глобалните пазари на капитал, потсетува dpa.

Приносите на 10-годишните грчки државни обврзници во моментов изнесуваат 1,5 проценти. Во екот на финансиската криза во 2012 година надминаа 35 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП