
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, согласно Планот за активности за 2019 година во делот на промоција на извоз, а на предлог на бизнис заедницата, оваа година во периодот од 13-17 септември 2019 година е организатор на национален штанд на саемот за технологија и медиуми IBC во Амстердам. Оваа година вкупно четири компании од нашата земја се дел од националниот штанд како ко-изложувачи: Piksel, Hoyo Tech, Alternative System Integration и Inellipse.

