29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија за ограничување на буџетот на ЕУ на 1,0 проценти од БДП

Германија за ограничување на буџетот на ЕУ на 1,0 проценти од БДП

Германија сака следниот буџет на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година да биде ограничен на 1,0 проценти од бруто домашниот производ на ЕУ, што е пониско во однос на 1,11 проценти колку што предложи Европската комисија, објави Reuters повикувајќи се на неименувани извори.

Членките на ЕУ се подготвуваат за „битка“ околу буџетот кој би треба да биде договорен следната година, а министрите од земјите членки ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за ова прашање.

Дипломатски извори велат дека Германија, која вложува најмногу пари во заедничката каса на ЕУ – министрите денес ќе го изнесат тој предлог.

Финска, која моментaлно претседава со Унијата, очекува дека лидерите на ЕУ на самитот во октомври ќе успеат да се договорат барем за груби буџетски насоки.

Но други, тврдат дека тоа би можело да потрае, особено поради неизвесноста околу Брегзит и нејасната количина на зголемувања на придонесите на другите земји за да се пополни „дупката“ која ќе се појави со загуба на британските средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП