30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија одобри сеопфатна програма за помош во храна за сиромашното население

Индија одобри сеопфатна програма за помош во храна за сиромашното население

Pakistan Poverty

Индиската влада вчера ја одобри сеопфатната програма за помош во храна за сиромашните жители во земјата, што претходно беше долго одложувана мерка, која владата сега ја најавува со цел да го подобри својот имиџ во момент кога економскиот раст покажува значително забавување.

Ова би требало да биде една од најголемите сеопфатни програми во светот, а помош во храна ќе добијат 70 проценти од жителите, што е повеќе од 800 милиони луѓе.

Предвидено е секое лице кое ќе биде опфатено во програмата месечно да добие меѓу три и седум килограми житарици, зависно од висината на приходите.

„Владата едногласно ја одобри одлуката за програмата за помош во храна“, изјави министерот за храна К.В.Томас, додавајќи дека документот ќе му биде испратен на претседателот на Индија за тој да биде одобрен.

Претседателот Пранаб Мукерџи треба да ја одобри оваа програма, по што таа ќе може официјално да стапи на сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП