25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве кои земји се најотпорни на економска криза!

Еве кои земји се најотпорни на економска криза!

Светската економија денес е помалку отпорна на глобалната финансиска криза отколку во 2007 година, покажува индексот на макроекономска отпорност кој заеднички го развија швајцарскиот институт Swiss Re и Лондонската школа за економија.

Меѓу 31 анализирани земји и региони, кои претставуваат околу три четвртини од светскиот БДП, Швајцарија, Канада и САД имаат најголема економска отпорност, додека најголем пад на отпорноста од 2007 година бележи еврозоната.

Анализата покажува дека 80 проценти од државите во 2018 година биле поранливи на кризата отколку во 2007 година, a главните причини се исцрпеност од опционите инструменти на монетарна политика во многу развиените земји.

Кога станува збор за еврозоната, најголем пад на отпорноста бележат државите на периферијата на блокот, како што се Италија и Грција, заради слабата фискална позиција, исцрпените механизми за монетарна политика, сè уште слабиот банкарски систем, неефикасноста на пазарот на трудот и слабата развиеност на финансиските пазари.

Азија и Океанија имаа прилично стабилни резултати од економска отпорност помеѓу 2007 и 2018 година, а нивото на отпорност во Кина, Јапонија и Австралија малку е подобрено.

Во исто време, отпорноста на Индија генерално се намали поради слабите резултати на финансискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП