23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон пред состанокот со Јункер: Внимателен сум

Џонсон пред состанокот со Јункер: Внимателен сум

Премиерот Борис Џонсон изјави на новинарите во Луксембург дека во пресрет на состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, е внимателен.

Џонсон, на помалку од седум недели пред рокот за излегување на Британија од ЕУ не постигна договор со Брисел за начинот на кој ќе се раздели петтата светска економија и нејзиниот најголем трговски партнер.

Премиерот на Велика Британија и Јункер би требало денес да разговараат за начинот на кој договорот за Брегзит може да биде постигнат, по викендот за време на кој двете страни посочија дека позициите им се многу различни.

Џонсон вчера изјави дека верува во наредните недели дека може да постигне договор со Европската унија.

Џонсон тоа верување го изнесе во текст за Daily Telegraph, во кој истакнува дека работи на тоа Британија да излезе од ЕУ на 31 октомври.

Поранешниот градоначалник на Лондон истакна дека напуштањето на ЕУ без договор не е исход кој би го сакал, но додаде дека се во тек „многу обемни“ подготовки за сценарио без договор.

„Ако во наредните денови се дојде до доволен напредок, имам намера да одам на клучен самит на 17-ти октомври и да го финализирам договорот кој ќе ги заштити интересите на граѓаните и деловните активности од двете страни на Каналот и двете страни на границата во Ирска“, напиша Џонсон за Telegraph, објави Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП