
Во рамки на 110. седница на Собранието на Република Северна Македонија, на 31 август 2019 година, за вицегувернер на Народната банка беше именуван Фадил Бајрами. Тој ја извршуваше оваа одговорна функција и во изминатиот период. Вчера, пред да започне неговиот нов вицегувернерски мандат, тој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.



