30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Поизразен пад на цените на недвижностите во вториот квартал

Италија: Поизразен пад на цените на недвижностите во вториот квартал

italy1

Падот на цената на недвижностите во Италија во вториот квартал од оваа година е повеќе изразен од оној во првите три месеци, покажува истражувањето на агенцијата „Di idealista“.

Од повеќето области најголем пад на цената е забележан во Рим, каде цените во вториот квартал се намалени за 2,9 проценти во однос на првиот квартал, а во споредба со истиот квартал од минатата година тоа е пад за 9,9 проценти.

Цените на недвижнините во Милано, во претходниот квартал се намалиле за 2,1 проценти. Во Наполи, цените се пониски за 0,8 проценти.

Релативно стабилни цени беа забележани во Фиренца, со пад од само 0,2 проценти.

Од 52 анализирани места, рекорден пад на цените од 7,5 проценти во вториот квартал од оваа година беше забележан во Бреша.

Аналитичарите од „Di idealista“ за тртиот квартал од оваа година предвидуваат забавување на падот на цените поради интересот на банките да се избегне „трауматична ситуација“ на пазарот за недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП