28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на акциите на европските берзи поради одлуката на ECB

Пад на акциите на европските берзи поради одлуката на ECB

На Wall Street акциите вчера се зголемија, откако САД и Кина презедоа дополнителни чекори за олеснување на трговските тензии.

Поширокиот индекс S&P 500 порасна за 0,4 проценти, индустрискиот Dow Jones за 132 поени или 0,5 проценти на 27.221 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,8 проценти, објави агенцијата AP.

Акциите на технолошките компании, втор ден по ред предничеа по добивки, при што акциите на Microsoft пораснаа за 1,0 проценти.

Европските индекси првично се зголемија, за потоа да влезат во негативна територија, откако Европската централна банка најави нова рунда за економски стимул.

ECB исто така ја намали каматната стапка на депозитите во комерцијалните банки и најави обновување на програмата за откуп на обврзници.

Индексот Euro Stoxx 50 порасна за 0,46 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,01 проценти, германскиот DAKS за 0,29 проценти, а францускиот КАК 40 за 0,24 проценти, според њујоршката агенција Bloomberg.

Во Азија, јапонскиот индекс Nikei 225 се зголеми за 0,75 проценти, додека хонкошкиот Hang Seng падна за 0,26 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП