28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: САД би требало да го рефинансираат својот долг

Трамп: САД би требало да го рефинансираат својот долг

Претседателот на САД продолжи вербално да ја напаѓа американската Управа на федералните резерви (FED).

„Федералните резерви би требало да ги намалат нашите каматни стапки на нула или помалку, а потоа ние би требало да започнеме да го рефинансираме својот долг. Каматните трошоци може значително да се намалат, додека во исто време значително да се продолжи периодот на отплата“, напиша Трамп на Твитер.

„Имаме одлична валута, моќ и биланс на состојба. САД секогаш би требало да плаќаат најниска стапка“, порача претседателот на САД.

Трамп, исто така, излезе со нов предлог, а тоа е дека САД би требало да го рефинансираат својот долг. CNBC потсетува дека јавниот долг на САД во моментов е 22.500 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП