25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова рекордна трансакција: Некој стана биткоин милијардер

Нова рекордна трансакција: Некој стана биткоин милијардер

Пред неколку дена е извршена биткоин трансакција вредна над милијарда долари. Toa е видливо од неколку извори кои ги следат сите трансфери на биткоинот.

Меѓутоа, кој го извршил трансферот не е познато, бидејќи технологијата блокчејн која стои зад криптовалутата подразбира анонимност.

Во овој случај 94.504 биткоини беа префрлени од неколку таканаречени „дигитални паричници“ на други. Во моментов тоа е милијарда долари. Очигледно е дека паричникот на примателот примил вкупно 30 трансакции, од кои 29 сè уште претставуваат само дел. Според „аналитичарите на токени“, најголем дел од парите доаѓаат од Huobi Global.

Последните години биткоинот и другите криптовалути неколку пати беа критикувани бидејќи анонимниот систем фаворизира криминална активност. Сè што ви треба е таканаречен „паричник“, кој има идентификациски број. Меѓутоа, тој не може директно да се поврзе со сопственикот.

Досегашната рекордна трансакција е реализирана во 2017 година и изнесуваше 872 милиони долари.

Терористите последниве години сè повеќе користат биткоин. Иако во 2009 година имаше околу 100 трансакции, тој број во 2017 година се искачи на 282.000 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП