25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ7 основачи кои биле отпуштени од компаниите

7 основачи кои биле отпуштени од компаниите

Понекогаш се случува така што луѓето кои основле една компанија да бидат непожелни во неа. Видете ги седумте лица кои биле протерани од компаниите кои самите ги основале:

Мартин Еберхард – „Tesla“

martin(2)

Кога ќе слушнете за „Tesla Motors“ веднаш помислувате на Елон Маск, но компанијата беше основана од двајца луѓе. Другиот е Мартин Еберхард. Во 2007-та година тој е отпуштен од функцијата претседател. Во 2009-та година тој го даде Маск на суд за измама и кршење на договорот, поврзан со создавањето на „Tesla Motors“ и за тоа дека компанијата не му исплатила надомест при отпуштањето. За последното компанијата објасни дека не е платена оштетата, бидејќи Еберхард го прекршил договорот на доверливост и дека разгласувал навредливи информации за „Tesla“.

Дани Запин – „Maker Studios“

danny(2)

Запин ја тужеше компанијата, тврдејќи дека против него имало заговор од другите директори во Бордот – Бен Донован, Лиза Донован и Инон Крајиц. Последниот го зазеде неговото место на CEO.

Ендрју Мејсон – „Groupon“

andrew(2)

Мејсон напиша проштално писмо до вработените на „Groupon“ во кое ја презеде вината за проблемите на компанијата и за незадоволителниот профит, откако стана јавна во 2011-та година.

Џек Дорси – „Twitter“

jack(3)

Не се јасни сите околности околу заминувањето на Џек Дорси на функцијата CEO, но според еден од најраните инвеститори, Крис Сака, ситуацијата не била особено фер за Дорси. Тој во моментов ја развива успешната компанија „Square“.

Стив Џобс – „Apple“

steve(7)

Тој ја основа „Apple Computers“ заедно со Стив Вознијак во 1976-та година. Во 1985-та година тој е отпуштен од CEO на компанијата Џон Скули, кој беше вработен во неа од самиот Џобс. Подоцна Џобс формираше нова компанија за хардвер и софтвер „NeXT“, а потоа ја купи компанија од Џорџ Лукас, која денес е позната како „Pixar Animation Studios“. Во 1997-та година или една година откако „Apple“ го купи „NeXT“ за 429 милиони долари, Џобс се врати на функцијата CEO на „Apple“.

Џефри Холендер – „Seventh Generation“

jeff(2)

Холендер ја основал компанијата во 1988-та година и им помага во тоа да се претвори во империја. Во 2009-та година ја напушта функцијата CEO и станал претседател, а во октомври 2010-та година е отпуштен од Бордот на директори. Од 2010-та година е еден од претседателите на Одборот на директори на „Greenpeace USA“.

Роб Калин – „Etsy“

rob(4)

Калин беше отпуштен од неговата компанија не еднаш, туку два пати. Тој е еден од основачите во 2005-та година заедно со Крис Макгувајер, Хаим Шопик и Џаред Тарбел. Во 2008-та година е заменет од CEO од Марија Томас. По помалку од една година тој се враќа на функцијата, но во 2011-та година повторно е отстранет и заменет со Чад Дикинсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП