20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ''Невозможна храна'' сака да го зголеми извозот во Кина

”Невозможна храна” сака да го зголеми извозот во Кина

Impossible Foods, компанија која произведува растителни замени за месо, сака да го прошири својот бизнис во Кина, која им е приоритет во прекуокеанскиот извоз.

Компанијата од Калифорнија своите производи веќе ги лансираше во Хонг Конг и Макао, и во моментов работат во дури 450 ресторани во Азија. Сепак, извршниот директор Пет Браун вели дека сака да го засилат своето присуство на кинеското копно, каде производството на месо е спречено од хронични недостатоци на земјиште и вода.

Браун откри дека компанијата е во прелиминарни разговори со потенцијални деловни партнери, и дека тие се надеваат дека ќе успеат да најдат фирми или локални власти кои можат да им помогнат да ја пренесат својата технологија во Кина, откако фирмата ќе ги заврши потребните регулаторни процеси.

„Кина е наш приоритет кога станува збор за идна експанзија“, изјави Браун за Reuters.

„Кина е најголем потрошувач на месо во светот“, изјави тој и додавајќи дека околу половина од глобалното производство на месо во последните децении е во Кина. Како што кажува, токму тоа е причината зошто мислат дека Кина е местото каде што најдобро можат да влијаат врз потрошувачите и да ја прошират својата мисија.

Браун вели дека сака постапката да биде побрза, но дека тој нема да се откаже и дека е апсолутно сигурен дека ќе успее, како што беше случајот во САД и другите земји.

Додаде и дека ќе работат со голема брзина, веднаш штом ќе добијат зелено светло од кинеската влада и ќе најдат партнери заинтересирани за соработка.

Иако во Кина сè уште се јаде многу помалку месо отколку во САД, побарувачката се зголемува, па сега Кина произведува околу 54 милиони тони свинско месо годишно, што е околу половина од вкупното производство на ова месо на глобално ниво.

Минатата година Кинезите произведоа дури 6,44 милиони тони говедско месо, достигнувајќи го највисокото ниво на производство на тоа месо во последните 20 години. Интересен е податокот дека Кина увезува дури 60 проценти соја произведена на глобално ниво, која ја користи за добиточна храна за свињи и друг добиток.

Кинеската влада се обиде да го сврти вниманието кон загрозувањето на животната средина предизвикани од сточарството, па затворија или преместија голем број на фарми за свињи и пилиња за кои беше утврдено дека немаат задоволителни стандарди.

Кинеското државно здружение за исхрана дури се обиде да ја охрабри јавноста да јаде помалку месо и млечни производи, но тој обид помина неуспешно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП