28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонгкошката берза достави понуда од 36,6 милијарди долари за купување на Лондонската...

Хонгкошката берза достави понуда од 36,6 милијарди долари за купување на Лондонската берза

Операторот на Хонгконгшката берза, компанијата Hong Kong Exchanges and Clearing (HKEX), достави понуда до лондонската берзанска група (LSE) за спојување.

Тоа е дел од договорот кој чини 29,6 милијарди фунти (36,6 милијарди долари).

„Управниот одбор на HKEX верува дека двете компании се многу комплементарни, поради што со нетрпение очекуваат соработка со релевантните власти за да го отворат патот кон реализација на трансакцијата“, се наведува во соопштението на операторот на Хонгконгшката берза.

Соединувањето би ја зајакнало работата на двете компании, подобро би се позиционирале на пазарите и во другите географски области, а на пазарните учесници и инвеститори би била понудена неверојатна поврзаност на глобалниот пазар, се додава во соопштението.

Од HKEX порачуваат и дека ќе ја финансираат трансакцијата преку комбинација на расположиви пари и преку нов кредитен механизам, објави CNBC.

Веднаш по најновите вести, акциите на LSE скокнаа за дури 8,5 проценти, за малку подоцна да изгубат дел од првичните добивки.

HKEX веќе е сопственик и оператор на Лондонската берза на метал, која ја купи во 2012 година за 1,4 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП