18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: И понатаму постои шанса за договор за Брегзит на организиран начин

Меркел: И понатаму постои шанса за договор за Брегзит на организиран начин

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сеуште се надева на договор меѓу Велика Британија и ЕУ за Брегзит и покрај неизвесната политичка состојба во Лондон.

„Цврсто е моето убедување дека сè уште имаме шанса да го постигнеме ова на организиран начин“, изјави Меркел пред пратениците во долниот дом на германскиот парламент осврнувајќи се на Брегзит.

„И германската влада ќе биде ангажирана до последен ден да се овозможи тоа“, изјави таа за време на дебатата во Бундестагот за буџетот за 2020 година.

Германската канцеларка сепак додаде дека Германија исто така се подготвила за случајот „неорганизиран Брегзит“.

Таа изјави дека Германија сака да одржи блиски економски и безбедносни врски со Британија по Брегзит.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака да се стреми кон нов договор за раскинување со ЕУ до европскиот самит на 17 и 18 октомври, по серијата порази во својот парламент, каде и пратениците на неговата партија се побунија против неговата стратегија за Брегзит по секоја цена, дури и без договор.

Од вторникот британскиот парламент е суспендиран на пет недели, а пратениците треба да се вратат на клупите само неколку дена пред најавениот излез на Британија од Унијата, 31 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП