26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и стравот од рецесија: И покрај 1,3 милиони слободни работни места,...

Германија и стравот од рецесија: И покрај 1,3 милиони слободни работни места, се почесто договори на определено време

Германските компании сè почесто вработуваат работници на определено време, а една од причините би можела да биде страв од рецесија, која е веќе прогнозирана за оваа година.

„Од десет нови започнати работни односи, четири се на определено време“, се наведува во истражувањето на Институтот за истражување на пазарот на труд и работа.

Според податоците добиени од ова истражување, компании со повеќе од 75 вработени не сакаат да ангажираат на неодредено, а кај помалите компании законодавната регулатива за заштита од отказ е поповолна за работодавачот па затоа вработувањето со скратено работно време е поретко.

Фирмите склучуваат договори на определено време кога имаат краткорочни потреби за работна сила, а процесот на селекција за кандидати е пократок и поедноставен, и многу помалку се инвестира во реклама.

Институтот за истражување на пазарот на труд и работа заклучи дека работодавците, и покрај тоа што во Германија има 1,3 милиони неисполнети работни места, сè почесто се одлучуваат за договори на определено време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП