Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,298.85 0.14%    BESK 7,500.00 0%    EUPF 63.00 1.61%    GRNT 1,179.34 -0.08%    KMB 7,624.02 -0.32%    MPT 77,996.67 -0.07%    OKTA 4,550.00 0.95%    PPIV 37,830.00 -3%    RZEK 48.00 0%    RZTK 701.00 -0.57%    STB 1,301.00 0.08%    STIL 92.00 -1.03%    TETE 2,250.00 -1.04%    TNB 19,200.00 -1.03%    UNI 2,221.00 -2.01%    ZPKO 2,900.00 7.69%    

НБРМ: Економски раст од 3,1% за вториот квартал

Време: 11:55

Датум: септември 11, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На 10 септември 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови и дека економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања, контекст којшто придонесува за постојани интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања. Во вакви услови, Комитетот одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,25% и на аукцијата на благајнички записи на 11 септември 2019 година да понуди благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари, односно ист износ како износот што достасува.

Во однос на најновите макроекономски показатели, според објавените проценети податоци за БДП, економската активност продолжи да расте и во вториот квартал на 2019 година, со реална годишна стапка на раст од 3,1% (4,1% во првиот квартал). Растот е движен од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната и јавната потрошувачка и на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има негативен придонес. Во првата половина од годината, растот на БДП изнесува 3,6% и е малку поумерен од очекуваниот за овој период од годината. Високофреквентните показатели за економската активност во јули упатуваат на натамошен раст, но бројот на расположливи показатели засега е ограничен за извлекување посигурни констатации за растот во третиот квартал. Согласно со априлскиот циклус проекции, се очекува дека растот на економијата во 2019 година ќе достигне 3,5%.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите осум месеци од годинава изнесува 1,1%, при што растот на цените е помал од очекуваниот. Воедно, очекувањата за движењето на странските цени, коишто влијаат врз домашните цени, се надолно ревидирани. Следствено, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 1,5% засега се оценуваат како претежно надолни.

Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, oстварувањата кај билансот на плаќања во второто тримесечје посочуваат на помал дефицит во тековната сметка, како и на повисоки нето-приливи во финансиската сметка, во однос на проектираните за вториот квартал. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со првата декада на август укажуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи од приватни трансфери во однос на проектираните за третото тримесечје. Девизните резерви на крајот на август се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за август покажуваат натамошен раст на годишна основа, при што засега нема поголеми отстапувања во однос на  очекувањата.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките и натаму се зголемува, главно како одраз на интервенциите со откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Имено, во август Народната банка откупи околу 88 милиони евра, во услови кога банките втор месец по ред имаа нето-откуп на девизи од нивните клиенти. Најголем придонес за ваквите движења има натамошната сезонски повисока понуда на девизи од страна на менувачниците, но и умереното намалување на нето-побарувачката за девизна ликвидност од страна на корпоративниот сектор. Покрај овие движења, врз високиот месечен износ на интервенции на Народната банка придонес имаше и активниот пристап на управување со девизната актива од страна на банките, со оглед на негативните приноси на меѓународните финансиски пазари. Поволните движења на девизниот пазар продолжија и во првата седмица од септември.

Во услови на натамошно зголемување на денарската ликвидност, банките имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Банките го насочуваа вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

Во текот на август, беше забележано влошување на трговските односи помеѓу САД и Кина, преку заемно наметнување нови царини, што предизвика зголемена променливост на финансиските пазари. Притоа, беше забележана зголемена побарувачка за безбедни финансиски инструменти што доведе до раст на цените и пад на приносите на државните должнички хартии од вредност на глобално ниво, како и со зголемување на цена на златото и апрецијација на САД-доларот на месечна основа. Во однос на монетарните политики, на состаноците на ЕЦБ и на Федералните резерви беше пренесена загриженост во однос на идната економска активност и ценовните движења поради неповолното влијание на трговските тензии и други геополитички фактори на ризик.

Општо земено, Комитетот заклучи дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно се укажа на неповолните ризици од надворешното окружување, коишто се понагласени во споредба со периодот на изготвување на априлските проекции. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Биткоинот оди на 26.000 долари?

    Биткоинот оди на 26.000 долари?

    Ако историјата се повтори, биткоинот би можел да забележи голем раст во наредните два месеци, вели аналитичарот на Cointelegraph, Кeјт Вареинг. Дигиталната валута има последователен раст…

  • Елон Маск разочаран од одлуката на Бил Гејтс

    Елон Маск разочаран од одлуката на Бил Гејтс

    Еден автомобил вчера направи јаз помеѓу двајцата најуспешни извршни директори во САД. Поточно, Бил Гејтс купил нов премиум модел Porsche Taycan, а Елон Маск покажа…

  • Како Северина му честиташе на новиот хрватски претседател

    Како Северина му честиташе на новиот хрватски претседател

    Северина на својот профил на Инстаграм испрати честитка до новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ. Честитки до новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ, доаѓаат од сите страни,…

  • КСМ: Во соработка со УЈП се следат состојбите за ДБ, ако има потреба ќе се пролонгираат роковите

    КСМ: Во соработка со УЈП се следат состојбите за ДБ, ако има потреба ќе се пролонгираат роковите

    Комората на сметководители на Македонија која континуирано се залага за подобрување на состојбата на сметководителите во земјава неделава испрати допис до УЈП за пролонгирање на…

  • Зошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш?

    Зошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш?

    Ако Ворен Бафет некогаш влезе во ваша продавница или ресторан, веројатно ќе ја плати сметката „во кеш“. „Имам American Express картичка која ја добив во…

  • Златото достигна најголема вредност досега во однос на еврото

    Златото достигна најголема вредност досега во однос на еврото

    Цената на златото денес во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото, достигнувајќи двонеделен максимум. До тоа главно дојде бидејќи инвеститорите бараа безбедно…

  • Нови алатки за јакнење на извозниот потенцијал на малите и средните фирми од Западен Балкан

    Нови алатки за јакнење на извозниот потенцијал на малите и средните фирми од Западен Балкан

    База на податоци на дистрибутери од регионот и од Европската унија и пристап до алатка за анализа на меѓународниот пазар, се двете нови услуги што…

  • Прием на годишни сметки во Централниот регистар до 20 часот

    Прием на годишни сметки во Централниот регистар до 20 часот

    Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за…

  • Сончево со мала облачност и температура до 16 степени

    Сончево со мала облачност и температура до 16 степени

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од попладне облачноста ќе се зголемува, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се…

  • Тој што продава или издава стан мора да има сертификат колку енергија троши

    Тој што продава или издава стан мора да има сертификат колку енергија троши

    300 енергетски контролори, 80-тина друштва кои пред повеќе години се лиценцираа за да вршат енергетска контрола, но и Агенцијата за енергетика сега конечно ќе можат…