4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо случај на Брегзит без договор се враќа ''duty free''

Во случај на Брегзит без договор се враќа ”duty free”

Во случај Брегзит без договор, оние кои од Велика Британија ќе патуваат во земјите на ЕУ ќе можат да купат без да платат царина, што значи враќање на ”duty free” трговијата, објави Министерството за финансии на Велика Британија.

„Патниците во ЕУ ќе можат да купат пиво, алкохол, вино и цигари без да платат царина во Велика Британија“, се вели во соопштението на Министерството.

Таа одлука која во вторникот ја објави министерот за финансии, Саџид Џавид, значи, на пример дека шише вино купено во безцаринска продавница на лондонскиот аеродром Хитроу за оној кој патува во ЕУ ќе биде поевтино за 2,5 евра, истакнаа од Министерството.

Патниците кои ја напуштаат ЕУ ќе може во иднина неограничено да купуваат и внесуваат во Велика Британија алкохол и цигари со услов да платат царина.

Џавид во соопштението изјави дека е „среќен што може да помогне на британските патници додека се подготвуваат за напуштање на ЕУ“.

Укинувањето на безцаринската трговијата внатре во ЕУ за која е одлучено во 1991 година, стапи на сила во 1999 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП