16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралицата Елизабета Втора го одобри законот со кој се спречува брегзит без...

Кралицата Елизабета Втора го одобри законот со кој се спречува брегзит без договор

Предлог-законот со кој британскиот премиер Борис Џонсон е принуден да побара одложување на брегзитот закажан за 31 октомври доколку нема договор со Европската Унија, стана закон со одобрување на британската кралица Елизабета Втора.

Согласноста на кралицата се смета за формалност откако законот беше донесен во британскиот парламент.

Законот е креиран да го спречи премиерот да ја исклучи Велика Британија од Европската унија без договор со другите 27 земји-членки.

Џонсон рече дека нема да бара одложување. Тој, исто така, не го прифаќа договорот потпишан со ЕУ од неговата претходничка Тереза ​​Меј, заради спорниот дел во врска со границата со Ирска.

Тој договор повеќе пати беше отфрлен во британскиот парламент.

По стапувањето на должноста, Џонсон вети дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП