17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујорк се бори против стаорците и со алкохол

Њујорк се бори против стаорците и со алкохол

Властите во Њујорк открија ново оружје, стапица со алкохол во борбата против стаорците, што го преплавија градот.

Њујорк долго време води војна против овие глодари. Од 2014 година, потрошени се неколку милиони долари за средства за искоренување на стаорците во метрото.

Досега се користат различни методи, вклучително и улични мачки, но властите сега се определија за стапица базирана на алкохол.

Стаорецот се намамува да се качи на сад висок околу 60 сантиметри, а потоа се активира шипка што го фрла глодарот во сад во кој може да се сместат 80-ина стаорци.

Зашеметените глодари пливаат во течноста базирана на алкохол сè додека не се удават.

За време на пробата на новиот уред, за еден месец биле фатени 107 стаорци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП