25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција го казни Amazon со 4,4 милион долари

Франција го казни Amazon со 4,4 милион долари

На американскиот малопродажен гигант Amazon францускиот суд му изрече рекордни 4,4 милиони долари казна поради употреба на „неправедни“ клаузули за интернет пазарот.

Судот во пресудата утврди дека спорните клаузули се „јасно неизбалансирани“ и нареди Amazon да ги промени во рок од шест месеци.

Дополнителна парична казна од 11.000 долари дневно ќе биде изречена ако Amazon не го стори тоа, се наведува во одлуката.

Истрагата траеше две години

Француското Министерство за финансии поднесе тужба во 2017 година по двегодишна истрага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП