3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина-САД очи во очи во октомври: Нова рунда преговори поради страв од...

Кина-САД очи во очи во октомври: Нова рунда преговори поради страв од рецесија на глобалната економија

Официјални лица од Кина и Соединетите Држави се договорија на почетокот на октомври во Вашингтон да одржат трговски разговори на високо ниво, соопшти денеска кинеското министерство за трговија, во услови на загриженост дека ескалирачката трговска војна би можела да предизвика рецесија во глобалната економија.

Најавата за нова рунда разговори дојде по телефонскиот разговор помеѓу кинескиот вицепремиер Луо Хео, американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и американскиот министер за финансии Стивен Менучин, се вели во соопштението на министерството, а објави агенцијата Reuters.

И гувернерот на кинеската централна банка Џи Ганг учествуваше во разговорите со американските трговски претставници.

“Двете страни се согласија дека треба да работат заедно и да преземат практични активности за да создадат добри услови за консултации“, соопштија од министерството.

Трговските делегации на двете држави ќе одржат разговори и во средината на септември, пред преговорите на високо ниво следниот месец, се вели во соопштението на министерството.

Портпаролот на канцеларијата за трговија на САД потврди дека Лајтизер и Менучин разговарале со Луо, и дека се согласиле во Вашингтон да одржат трговски разговори на министерско ниво „во наредните недели“.

Соединетите држави во неделата започнаа со воведување на 15 проценти царини на најразлични кинески производи, вклучувајќи обувки, паметни часовници и телевизори со рамен екран, по што Кина воведе 5 проценти тарифа на американската нафта.

По таквите постапки на Вашингтон, Кина поднесе тужба до Светската трговска организација против САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП