Меѓу најстресните несреќи во животот, дефинитивно влегува губењето на работата.
Ако ве избркале од работа, поминувате низ еден од најтешките периоди и потребна ви е поддршка и малку позитивни мисли.
Губењето на работата може да има многу длабоко влијание на вашата психичка и емоционална состојба, без оглед на тоа дали сте ја сакале работата која сте ја работеле. Обезбедете си себеси три недели мир и поминете ги тешките фази.
Постојат шест емоционални фази кои се јавуваат по губењето на работата, слично како и кај губењето на некого кого го сакаме: шок и негирање, страв и паника, лутина, калкулации за враќање, депресија и привремено прифаќање.
План за акција
Експертите истакнуваат дека еден од најдобрите начини како да се соочите со стресот е, да развиете план за акција.
Посветете се на себе. Можеби неколку минути „размислување“ дневно ќе ви помогне во намалувањето на стресот. Дали сте свесни како го поминувате времето секој ден? Научете да управувате со времето сега, кога го имате. Потцртајте си неколку цели и наградете се за постигнатото.