19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика ги забрани обичните сијалици, па ја повлече забраната, активистите бесни: Работите...

Америка ги забрани обичните сијалици, па ја повлече забраната, активистите бесни: Работите во корист на производителите

САД одлучија да ја укинат забраната за енергетски неефикасни сијалици која требаше да стапи на сила на почетокот на 2020 година.

Правилото би забранило продажба на сијалици кои не ја постигнуваат стандардната ефикасност, поради што би биле забранете сите светилки со блескаво светло.

Многу земји веќе забранија старомодни светилки поради заштеда на енергија, но американскиот секретаријат за енергетика смета дека елиминирањето на светилки со блескаво светло би било лошо за потрошувачите поради високите цени на штедливите светилки.

Министерството за енергетика соопшти дека ја повлече забраната бидејќи таа е погрешно толкување на Законот за енергетска независност и безбедност од 2007 година.

„Особено, законот предвидува дека светилките можат да се забранат само кога тоа е економски оправдано“, изјави Шелин Хајнс, портпарол на министерството.

Активистите веруваат дека владата потклекнала под притисокот на производителите.

– Нема смисла да се укинат стандардите за ефикасност на сијалиците. Тие на домаќинствата би донеле пониски сметки за електрична енергија, а би влијаеле и на намалување на климатските промени. Наместо тоа, администрацијата на Трамп застанува на страната на производителите – изјави Енду Деласки, директор на Проектот за информирање на стандарди за имплементација.

Употребата на енергетски ефикасни производи ја намалува побарувачката на енергија, што пак ги намалува емисиите на јаглерод и го забавува затоплувањето на планетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП