30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛидерите на ЕУ ветија борба против невработеноста кај младите

Лидерите на ЕУ ветија борба против невработеноста кај младите

eusamit1

Европските лидери ветија дека ќе ја зајакнат борбата против невработеноста кај младите, но не понудија никакви нови мерки ниту финансиски средства на состанокот кој критичарите го оценија како „претстава за јавноста“, наменета исклучиво поради тоа германската канцеларка Ангела Меркел пред претстојните избори во септември да се претстави како бранител на невработените Европејци.

На конференцијата за новинарите по состанокот, Меркел истакна дека е потребнo да се донесат ефикасни работни правила и едукативни програми.

Сепак, европските лидери не објавија никакви детали, најавувајќи дека во ноември ќе го проценат напредокот од промените.

„Ние самите поставивме високи барања, бидејќи знаеме дека очекувањата од овој состанок се големи“, изјави Меркел. Јасно е дека проблемот не можеме да го решиме преку ноќ, но мора да постигнеме напредок до наредниот состанок“, додаде таа.

Берлинскиот Самит е одржан во време на тешка политичка криза во Португалија, чија влада е на работ на пропаѓање, откако неколку министри дадоа оставка поради несогласувањето со мерките за штедење наметнати од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП