18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлоупотребени 371 милиони евра од фондот на ЕУ

Злоупотребени 371 милиони евра од фондот на ЕУ

Според годишниот извештај на Европската канцеларија за борба против измама (OLAF), Унгарија има најмногу затворени истраги поврзани со злоупотреба на парите од буџетот на ЕУ.

OLAF е организација која го истражува правилното користење на средствата од заедничките фондови на ЕУ и открива злоупотреби во финансирање на проекти од фондови во различни области на интерес како што се истражување, земјоделство и социјална политика.

„Резултатите на OLAF ја покажуваат важноста на нашата работа. Ги заштитуваме не само финансиските интереси на ЕУ, туку и благосостојбата на граѓаните на Европа“, изјави генералниот директор на OLAF, Виле Итала, објави Euroactiv.

Според истражувањето на OLAF, во 2018 година злоупотребени се вкупно 371 милиони евра од европскиот буџет во земјите членки кои мора да бидат вратени во Унијата. OLAF спроведе 167 истраги и издаде 256 препораки до националните и ЕУ телата.

Унгарија има најголем долг

Во пописот во 2018 година OLAF заклучи девет случаи во Унгарија, а во седум случаи откриени се неправилности. За четири години, OLAF спроведе 52 истраги за злоупотреба на средствата во Унгарија и препорача Европската комисија да врати 3,84 проценти од направените плаќања во рамките на структурни и земјоделски фондови.

Унгарската влада уште од 2017 година е под строга контрола поради сомнителни нерегуларности во управувањето со фондовите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП